Винициус Жуниор го постигна единствениот гол во победата на Реал Мадрид против Бенфика во првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите, а средбата беше обележана со инцидент меѓу него и Џанлука Престијани.
Бразилецот го прослави голот танцувајќи околу знамето од корнерот, по што се скара со гореспоменатиот Престијани, кој наводно му упати расистички коментар. Судијата го иницираше протоколот за расизам, но играта на крајот продолжи.
Со официјалнот соопштение се огласија од мадридскиот клуб во кое му даваат огромна поддршка на својот фудбалер:
„Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објавува дека денеска ги достави сите достапни докази до УЕФА во врска со инцидентите што се случија минатиот вторник, 17 февруари, за време на натпреварот од Лигата на шампионите што нашиот тим го играше во Лисабон против Бенфика. Нашиот клуб активно соработуваше во истрагата што ја започна УЕФА по неприфатливите епизоди на расизам за време на тој натпревар. Реал Мадрид ја цени едногласната поддршка, поддршка и наклонетост што нашиот играч Винициус ја доби од сите делови на глобалната фудбалска заедница. Реал Мадрид ќе продолжи да работи, во соработка со сите институции, за искоренување на расизмот, насилството и омразата во спортот и општеството“, стои во соопштението на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

