Реал Мадрид е повторно во игра за титулата во Ла Лига. Ја совлада Селта на гости со убедливи 2-4 во Виго и на најдобар можен начин го искористи поразот на Барселона. Сега „кралевите“ имаат само четири бода помалку од лидерот Барселона, иако со 20 бода се наоѓаат дури на шестата позиција на табелата. Сантијаго Солари и понатаму бележи победи откако беше именуван за привремен тренер на првиот состав. Набрзо може да добие и перманентен договор, барем до крајот на сезоната.
Карим Бензема ги постигна првите два гола за Реал Мадрид. Го отвори резултатот во 23.минута, а во 56.минута стрелаше и со помош на Кабрал. Селта намали во 61.минута преку Малјо, но Серхио Рамос од пенал и Дани Себалјос ги расчистија дилемите околу победникот. На крајот, Селта постигна и втор погодок преку Браис Мендез, за конечни 2-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА