Се ближи летниот преоден рок, и повторно се интензивира приказната за трансфер на Давид Де Хеа од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид. Кејлор Навас нема добра сезона на голот на „кралевите“, па Флорентино Перез е решен да ангажира нов чувар на мрежата за следната сезона. Но, сега раководството на Реал Мадрид му постави ултиматум на Де Хеа. Доколку сака на „Сантијаго Бернабеу“, ќе мора да се изјасни до крајот на мај. Ова затоа што во минатиот обид, во 2015 година, трансферот пропадна затоа што се чекаше до последните мигови на преодниот рок, и пропадна бидејќи не беше навреме пријавен во канцеларијата на Примера.
Де Хеа и понатаму е првата опција на Реал Мадрид, пред се затоа што стратегијата на клубот е да ангажира што е можно повеќе шпански репрезентативци во својот состав. Но, доколку работата се изјалови и оддолжи, тогаш Реал Мадрид ќе прејде на ’планот Б’ и ќе тргне по услугите на Тибо Куртоа, голманот на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА