Реал Мадрид едвај успеа да извлече триумф (1-2) на вчерашното гостување против Хетафе, но тоа беше доволно за нов рекорд во Ла Лига. „Кралевите“ станаа првиот тим кој успеал да слави на 13 последователни гостувања во шпанското првенство, а предводникот Зинедин Зидан го надмина Пеп Гвардиола.
Токму Барселона предводена од Гвардиола досега беше сопственик на овој рекорд, со 12 победи по ред.
Карим Бензема се врати на терените по повредата и го постигна првиот гол за Реал Мадрид на овој натпревар, а иако Хетафе израмни, сепак, Кристијано Роналдо со голот во 85.минута донесе победа, но и нов рекорд за „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА