Реал Мадрид е повторно во победнички елемент во Ла Лига, ја намали и негативата во однос на Барселона на достижни шест бода во трката за шампионската титула, а тоа се одразува позитивно и на раководството, кое веќе е во потрага за нови засилувања кои би пристигнале следното лето. „Кралевите“ го посакуваат Лукас Пакета, бразилскиот интернационалец кој тукушто пристигна во Милан. За него се смета дека ќе биде „новиот Кака“.
Реал Мадрид сакаше да го купи Пакета додека играше за Фламенго, нудеше 40 милиони евра, но Милан се покажа поумешен во реализацијата на трансферот. Флорентино Перез е заинтересиран да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ по само шест месеци во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА