Реал Мадрид веќе сигурно чекори кон осминафиналето во Лигата на шампионите откако по првото полувреме на реванш дуелот против Манчестер сити веќе има предност од 2-0, што по оние 2-3 од Манчестер пред една недела сега веќе значи предност од 5-2 за „кралевите“.
А, всушнот на денешниот дуел Килијан Мбапе води со 2-0 против Сити.
Французинот најпрво стрелаше уште во 4. минута за 1-0, а потоа погоди и во 33. минута за 2-0.
На пат кон осминафинале е и ПСЖ кој исто така има предност од 2-0 по првото полувреме.
ПСВ и Јувентус играат 0-0 по првите 45 минути во Ајндховен. „Старата дама“ има предност од 2-1 од првиот дуел во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

