Европскиот првак Реал Мадрид доживеа пораз (1-0) на гостувањето во Русија против ЦСКА Москва во второто коло од Лигата на шампионите. Трет натпревар по ред „кралевите“ не постигнаа погодок, што се случува првпат по далечната 2007 година. Веднаш почнаа и анализите дека во ерата на Кристијано Роналдо тоа не се случи ниту еднаш.
Дефанзивецот Начо Фернандез вели дека Реал Мадрид не смее да гледа и да живее во минатото.
„Кристијано Роналдо одлучи да го напушти Реал Мадрид. Ние фудбалерите не можевме да сториме ништо околу тоа. Негова е одлуката, ние можеме само максимално да ја респектираме и да му заблагодариме за тоа што го направи за клубот. Но, не смееме сега да живееме во минатото и да размислуваме што ќе беше доколку со нас беше Роналдо. Треба да се фокусираме на следните натпревари и да се вратиме на победнички колосек“, изјави Начо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА