Реал Мадрид го совлада Еспањол на гости со 2-4 и се зацврсти на третата позиција на табелата во Ла Лига со 39 бода, десет помалку од лидерот Барселона и пет помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид.
„Кралевите“ поведоа во четвртата минута со голот на Бензема, а Серхио Рамос во 15.минута зголеми на 0-2. Неизвесноста ја врати Лео Баптистао во 25.минута, но Бензема пред самиот крај на првиот дел повторно донесе два гола предност (1-3). Триумфот на Реал Мадрид беше потврден во 67.минута кога погоди Герет Бејл, а пет минути подоцна беше исклучен Рафаел Варан. Еспањол постигна уште еден погодок преку Росалес, но немаше сили за ништо повеќе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА