„Кралевите“ во нова офанзива по Мауро Икарди

Европскиот првак Реал Мадрид во зимскиот преоден рок ќе се обиде да се засили со Мауро Икарди. По елиминацијата на Интер од Лигата на шампионите, раководството на „кралскиот клуб“ чувствува шанса за реализација на долго планираниот проект, Аргентинецот да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Претседателот Флорентино Перез посакува нов елитен напаѓач и негов прв „пик“ е токму капитенот на Интер, за кого е подготвен да одвои 100 милиони евра.

Икарди и оваа сезона игра во одлична форма во дресот на „нероаѕурите“, постигна 12 гола во сите конкуренции и сигурно би бил огромно засилување за Реал Мадрид. Преговорите се во тек, а Икарди би добил годишна плата од 12 милиони евра.

 

Се вчитува...