Кралевите за „ситно“ го договорија првото засилување во јули 2026 година

Играчот на Комо, Нико Паз уште оваа сезона ќе ја одработи во дресот на италијанскиот тим, а потоа се враќа во Реал Мадрид. Одлуката е веќе донесена, и играчот се враќа во Мадрид каде треба да биде засилување во нападот во иднина.

Паз е дете на Реал Мадрид, но поради поголема минутажа замина во Комо. За него во овој преоден рок беа заинтересирани неколку клубови, а неговата цена се проценува на 70 милиони евра.

Меѓутоа во неговиот договор има клаузула, која вели дека Реал може во секој момент да го откупи за помала сума. Се споменува цифра од 12 милиони евра, која „кралевите“ ќе треба да ја платат за да го имаат Паз.

Исто така се шпекулира дека Паз ќе оди во Реал Мадрид, кој потоа ќе го продаде за добра сума и од него ќе заработи околу 50 милиони евра.

Се вчитува...