„Кралевите“ завршија на очаен начин, како што ја играа и целата сезона во Ла Лига

Реал Мадрид на очаен начин ја заврши сезоната во која не освои ниту еден трофеј. „Кралевите“ на домашен терен загубија со 0-2 од Бетис и ќе го заокружат пласманот во Ла Лига на третата позиција со 68 бода. Тимот на Зинедин Зидан и на овој меч беше максимално немотивиран за да покаже што знае и умее.

Бетис тоа го искористи. Лорен во 61.минута ги доведе гостите во водство, а триумфот го потврди поранешниот „крал“, Хесе во 75.минута.

Тимот од Севилја на крајот заврши на десеттата позиција на табелата со 50 освоени бода.

Се вчитува...