Леброн Џејмс во тандем со Ентони Дејвис го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до првата победа во полуфиналето на Западната конференција против Хјустон и до израмнување на 1-1 во серијата. Тој имаше 28 поени и беше клучен во одбраната на триумфот откако неговиот тим пропушти и 21 поен предност.
Дуелот имаше историски димензии за Леброн Џејмс бидејќи со единствената тројка што ја постигна се проби на втората позиција на вечната листа најдобри тројкаши во НБА плеј-офот. Тој сега има вкупно 386 погодени удари за три, се одлепи од Реј Ален за една тројка, а далеку пред него на оваа листа е лидерот Стеф Кари кој има 470 погодени удари од далечина.
Congrats to @KingJames of the @Lakers for moving up to 2nd on the all-time #NBAPlayoffs threes list! pic.twitter.com/e0z4lbLnKM
— NBA (@NBA) September 7, 2020
Дополнително, Леброн на овој натпревар на кој порак 28 оени имаше и 11 скока, девет асистенции и две украдени топки стана само вториот играч во Лигата по 1973-74 покрај Расел Вестбрук кој успеа да ги достигне ваквите бројки во плеј-оф натпревар.
LeBron James went for 28 points, 11 rebounds, 9 assists, 4 steals and 2 blocks tonight, becoming the second player since 1973-74 to reach those thresholds in an #NBAPlayoffs game.
Russell Westbrook (April 23, 2019) was the first. @EliasSports pic.twitter.com/86SIztq9Ad
— NBA.com/Stats (@nbastats) September 7, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА