Британскиот боксер Ентони Џошуа се врати на тронот по триумфот над Енди Руиз џуниор во Саудиска Арабија, а промотерите веќе работат на неговиот следен предизвик. Нов предизвикувач треба да биде носителот на појасот во ИБФ верзијата Кубрат Пулев или мандаторот во ВБО верзијата, Олександр Усик. Следната борба треба да се одржи на стадионот на Тотенхем во Лондон за шест месеци.
„180 дена? Нема проблем, подготвен сум“, најавува украинскиот предизвикувач Олександр Усик.
Промотерот Еди Херн ликува, Џошуа е повторно „главен лик“ на Островот.
„Мобилниот телефон полуде. Сите сакаат да честитаат, но и веќе ја закажуваме следната борба. Тотенхем сака Џошуа да се бори на нивниот стадион и понудата најверојатно ќе ја прифатиме“, изјави Еди Херн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА