„Кралот“ и „принцот“ на земјените терени во битка за Париз

По точно една година, Рафаел Надал и Доминик Тим се во идентична ситуација, во финалето на земјениот гран-слем, Ролан Гарос. Пред 12 месеци, Шпанецот беше поуспешен, доминантно ја доби битката за титулата со 3-0 и го освои 11. трофеј од турнирот во Париз.

Надал до финалето дојде само со еден загубен сет, во мечот против Гофан, Тим пак оствари голем триуф во полуфиналето во кое го елиминираше тенисерот број еден во светот, Новак Ѓоковиќ.

Надал и Тим имаат 12 меѓусебни дуели, осумпати поуспешен бил 32-годишникот од Мајорка. Последниот дуел го одиграа неодамна на турнирот во Барселона, Тим го доби лесно со 2-0 во сетови. И ако ја освои титулата, Австриецот ќе остане на четвртото место на АТП листата, истото важи и за Надал, триумф нема да го помести од втората позиција, но ќе ја намали предноста на Ѓоковиќ.

Се вчитува...