„Кралот“ Луис Хамилтон со рекорд се врати на престолот во Силверстон – Мерцедес со нов удар за Ферстапен

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на Ф1 трката за Големата награда на Велика Британија.

Британецот така дојде до прва победа по повеќе од три години, и тоа сега во Силверстоун.

Луис Хамилтон, рушејќи Ф1 рекорд, на тој начин стана возач со најмногу победи на една трка од календарот на Формула 1, затоа што по деветти пат дојде до врвот на една трка. Со тоа го престигна Михаел Шумахер кој осум пати во кариерата славеше во Силверстон.

На второто место заврши Макс Ферстапен, кој на четири круга пред крајот успеа да го помине Ландо Норс за второто место.

Пиастри од Мекларен заврши на четвртото место, пред Саинц од Ферари и Хулкенберг.

Се вчитува...