Кралот на земјата го освои Њујорк, 19-та грен-слем титула за Надал

Рафаел Надал ја освои 19-та грен-слем титула триумфирајќи во едно од најдобрите финалиња на „Флешинг Медоуз“ и откако дури по пет сета го скрши оторот на храбриот Данил Медеведев.

Иако водеше со 2-0 во сетови (7-5,6-3), Шпанецит мораше да игра сет решавачки сет бидејќи Медеведев не се предаде и ги доби третиот и четвртиот сет со 7-5 и со 6-4, а потоа следуваша драмата во петтиот сет во која вториот тенисер во светот беше поуспешен со 6-4.

Надал победата ја забележа за четири часа и 50 миути што е само за четири минути пократко од најдолгото финале  во историјата на УС Опен. За него ова е четврта титула во Њујорк, претходно славеше на воој грен-слем во 2010, 2013 и во 2017 година.

Со овој триумф Надал доаѓа на само една грен-слем титула помалку од големиот ривл Роџер Федерер, а му бега плус три на Новак Ѓоковиќ.

„Ова беше една од најемотивните вечери во мојата тениска кариера. Ова беше неверојатно финале и луд меч“ – изјави Надал по победата.

Шпанецот многу емотивно реагираше на успехот, легна на теренот и во солзи го доживуваше моментите на еуфорија поради големата победа која го потврди неговот борбен дух.

 

 

Се вчитува...