„Кралот“ немоќен против Бруклин, Бакс продолжуваат да „тонат“

Во првиот дуел помеѓу актуелниот шампион и новата „династија“, како победник излезе Бруклин кој го совлада Лејкерс со  89-109. Леброн Џејмс беше првото име кај составот од Лос Анџелес со 32 поени, 8 скока и 7 асистенции, додека Кајл Кузма додаде 16 поени и 10 скока. Џејмс Харден беше првото име кај Бруклин со 23 поени, 11 асистенции и 5 скока, додека него го следеше Џо Харис со 21 поен и 5 скока.

„Негативната“ серија на Милвоки се искачи на четити порази во низа откако Бакс загубија од Торонто со 96-110. Јанис Адетокумпо беше предводник на домаќините со 23 поени, 12 скока и 8 асистенции, додека Ди Винчензо додаде 14 поени и 7 скока. Норман Повел го предводеше Торонто со 29 поени и 4 скока, а него го следеше Паскал Сиакам со 27 поени и 6 скока.

На победа се радуваше и Мајами кој славеше над Сакраменто со 110-118. Тајлер Хиро беше предводник на Хит со 27 поени и 4 скока, додека Немања Бјелица беше незапирлив на спротивната страна со 25 поени и 8 скока.

Се вчитува...