„Кралот Рафа“ – Надал на убедлив начин до рекордна титула на Ролан Гарос

Рафаел Надал стигна до рекордниот 14. трофеј на Ролан Гарос откако денеска на убедлив начин триумфираше над Норвежанецот, Каспер Руд со максимални 3-0, по сетови (6-3, 6-3 и 6-0).

Во првиот сет еден брејк беше доволен за Шпанецот. Во вториот Норвежанецот отвори одлично и брзо стигна до предност од 1-3. Сепак, тоа беше се од него бидејќи популарниот Рафа успеа да ги освои следните eдинаесет гејма и покрај тоа што го освои втроиот сет со 6-3, во третиот успеа да го остави продивникот на нула.

Ова за Рафаел Надал е рекордна 22. гранд-слем титула со што направи предност од плус два пред своите најголеми конкуренти Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ кои останаа на 20 титули од најголемите турнири.

Сега се очекува само прес-конференцијата на Рафа по завршувањето на која треба да соопшти некоја важна вест како што најавија од неговиот пи-ар тим.

Се вчитува...