Европскиот првак Реал Мадрид го совлада Баерн Минхен со 1-2 на „Алијанц арена“ во првата битка на фудбалските титани, во рамките од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо беше двоен стрелец за „кралевите“ на овој меч, откако Артуро Видал го донеде Баерн Минхен во водство во 25.минута со удар со глава, а во последните моменти од првиот дел и не успеа да реализира пенал.
Во второто полувреме, Роналдо донесе израмнување во 47.минута, а потоа Баерн Минхен остана и со играч помалку по исклучувањето на Хави Мартинез, токму поради прекршок над Португалецот во 61.минута.Нојер одбрани на фантастичен начин по шутот на Роналдо неколку минути подоцна, но не можеше да стори ништо во 77.минута, кога португалскиот ас и по вторат ја затресе неговата мрежа.
Баерн Минхен на овој меч беше без повредениот Роберт Левандовски, а без него делуваше и речиси тотално безопасно по голот на „кралевите“. Реал Мадрид има голема предност пред реваншот што ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“. Во првата пресметка, ’ученикот’ Зинедин Зидан го доби дуелот со ’учителот’ Карло Анчелоти.
All Goals & Highlights – Bayern Munich 1-2… by FootballLiveGoals
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА