Кралот се врати, Лејкерс победуваат (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс по продолжение со 123-120 го добија дербито со градскиот ривал ЛА Клиперс, а натпреварот го одбележа враќањето на Леброн Џејмс.

По пауза од 17 натпревари, „кралот“ се врати на паркетот и веднаш имаше клучен учинок во резултатот на Лејкерс. Тој беше на чекор до дрипл-дабл, постигна 24 поени, имаше 14 скока и девет асистенции.

Лејкерс за победата мораа да се борат дури во дополителните пет минути, откако испуштија 14 поени предност од почетокот на завршниот сегмент од средбата, а Клиперс со тројка на 40 секунди пред крајот обезбедија продолжение. Регуларните 40 минути завршија со по 112 поени за двата состава.

Двата тима од Лос Анџелс се во тесна битка за позиција која води во плеј-офот преку Западната конференција. Клиперс го искористија отсуството на Леброн и се пробија пред Лејкерс, на осмото место се со ефект од 28 /24, Лејкерс на деветтата позиција имаат биланс 27/25.

Покрај враќањето на Леброн Џејмс, ноќта во НБА лигата ја обележаа и изненадувачкиот пораз на шампионот, Голден Стејт од Филаделфија со 113-104, како и триумфот на Милвоки над Торонто во големото источно дерби. Лидерот на Истокот славеше со 105-92 и му побегна на Тоорнто на врвот од табелата со биланс од 37/13, канадскиот состав има три порази повеќе.

Се вчитува...