Ентони Џошуа повторно се врати на престолот во светскиот бокс откако во мечот на годината славеше во трилер-борба против бранителот на титулата во тешка категорија, Енди Роуз.
Британецот до победата дојде со одлука на судиите по 12 рунди тешка борба, на тој начин во реваншот против Руиз си ги врати појасите во четири верзии кои Мексиканецот му ги одзеде во првата нивна меѓусебна борба.
Џошуа до победата дојде откако во текот на целиот меч доминираше. Многу подобро влезе во првите три рунди, успеа на противникот да му ја разбие и аркадата веднаш во првата рунда. Во четвртата рунда се зголеми тенцијата, Руиз почна да ги губи нервите а Џошуа трпеливо го „кршеше“ противникот.
A determined Anthony Joshua crushed Andy Ruiz with that Jab. WTF ?? #RuizJoshua2 pic.twitter.com/xfIhdnl37G
— God’spower (@Godspower__) December 7, 2019
За Џошуа ова е 23-та победа во 24-от меч во кариерата, а Руиз го запиша вториот пораз во својата 35-та професионална борба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА