Египетскиот интернационалец Мохамед Салах на лето ќе направи сензационален трансфер во Реал Мадрид, откриваат медиумите во Шпанија. Тој игра фантастична сезона во дресот на Ливерпул, неговата брзина и вештина со топката ги одушевуваат и најпребирливите фудбалски сладокусци, по што претседателот Флорентино Перез одлучил да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.
Салах е прв стрелец во Премиер – лигата во моментот, а вкупно низ текот на сезоната во Англија постигна 38 гола и забележа 13 асистенции. Ливерпул токму поради него игра на брз погон, а „кралскиот клуб“ сака да го има во своите редови од следната сезона. Според некои информации, Реал Мадрид е подготвен да плати 170 милиони евра за да го купи Мохамед Салах, а Ливерпул засега стои на барањето од 220 милиони евра како отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА