Одбраната на титулата во Примера дивизион станува невозможна мисија за Реал Мадрид откако „кралевите“ повторно претрпеа неочекуван пораз, овојпат на гостувањето во Каталонија против Џирона со 2-1.
Зинедин Зидан овојпат не експериментираше со тимот, настапи со најдобрите единаесетмина што ги имаше на располагање, но Реал одигра потпросечен натпревар во кој беше совладан од новиот прволигаш.
По првото полувреме „кралевите“ имаа водство од 0-1 со голот на Иско, но мора да се истакне дека Џирона два пати ја погодуваше гредата од голот на несигурниот Касилја. Проблемите се зголемија откако поради повреда мораше да биде повлечен од игра Варан, чие отсуство Начо не го „покри“ најдобро.
Џирона за само неколку минути го сврте резултатот во своја полза и со головите на Стуани и на Порту направи целосен пресврт, по што Реал тргна во офанзива, но не успеа ниту да израмни, камоли да направи пресврт и да стигне до сите три бода.
По најновиот „кикс“ актуелниот шпански првак остана на 20 бода и сега има осум помалку од лидерот Барселона и четири од второпласираната Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА