Реал Мадрид се искачи на врвот на табелата во Ла Лига со 25 бода, откако на убедлив начин го совлада Еибар на гости со 0-4. Карим Бензема беше двоен стрелец на овој меч, а во листата на стрелците се запишаа и капитенот Серхио Рамос и Федерико Валверде.
Бензема во 17.минута донесе предност, а три минути подоцна Рамос од пенал зголеми на 0-2. Пред крајот на првиот дел и Бензема погоди од белата точка и мечот беше решен.
Во второто полувреме Валверде во 61.минута го постави конечниот епилог на дуелот. Реал Мадрид во моментот има три бода повеќе од Барселона, која вечерва ја пречекува Селта на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА