Пред неколку години ова ни изгледаше само како сон. Но, вечерва „кралска“ нога стапна на тревникот на „Телеком Арена“…Фудбалерите на европскиот клупски првак Реал Мадрид, под раководство на тренерот кој прв во историјата успеа да го одбрани трофејот во ЛШ, Зинедин Зидан, го одржаа официјалниот тренинг во пресрет на утрешниот Суперкуп на Европа против Манчестер јунајтед, освојувачот на пехарот во Лигата на Европа.
Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Лука Модриќ, Тони Крос…врвните мајстори на фудбалската игра и актуелни победници во ЛШ дојдоа во Скопје за да го одбранат трофејот и во Суперкупот на Европа, освоен минатата година во Трондхајм.
[new_royalslider id=”729″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА