Реал Мадрид го освои трофејот во Суперкупот на Шпанија откако во финалето против големиот ривал Барселона кое се одигра во Ријад славеше убедливо со 4-1.
„Кралската ноќ“ во Ријад беше најавена уште во првите десет минути од мечот кога со два гола блесна Винисиус за водство од 2-0 на Реал Мадрид.
Винисиус најпрво погоди во 7. минута на асистенција на Белингам, а потоа стрелаше и во 10. минута, овој пат на асистенција на Родриго.
Но, Барселона успеа да се врати во игра на мечот со голот на Левандовски во 33. минута за 2-1.
Сепак, веќе во 39. минута Винисиус од пенал донесе и 3-1 за Реал пред полувремето.
Во второто полувреме Родриго во 64. минута заокружи на 4-1 за целосно демолирање на каталонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

