„Кралска операција“ за Нејмар вредна 350 милиони евра

Европскиот првак Реал Мадрид е во фаза на реконструкција, се бара новиот тренер кој ќе седне на клупата по заминувањето на Зинедин Зидан, а претседателот Флоретино Перез има една јасна цел. Тој има намера да го доведе Бразилецот Нејмар на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето. И за тоа е подготвен да плати, и тоа многу скапо.

Шпанските медиуми тврдат дека „кралската операција“ за мегатрансфер на Нејмар, кој ќе ги урне сите досегашни бариери и ќе постави нови граници, ќе изнесува околу 350 милиони евра. Преговорите меѓу раководството на Реал Мадрид и агентот на Нејмар, неговиот татко, се почнати уште пред два месеци и се одвиваат интензивно далеку од очите на јавноста. Бразилецот ја истакнал својата желба да се пресели од ПСЖ во Реал Мадрид по само една сезона, затоа што знае дека така полесно ќе го преземе приматот за најдобар фудбалер во светот од Лионел Меси, кој во минатото му беше соиграч во Барселона.

Флорентино Перез досега донел многу мегаѕвезди во Реал Мадрид, а Нејмар е неговиот најнов предизвик…

Се вчитува...