Европскиот клупски првак Реал Мадрид тргнува сериозно во ангажман на Еден Азар. Откако клубот објави дека нема намера да наддава за Нејмар ова лето, јасно е дека Белгиецот е прва опција за да го наследи Кристијано Роналдо, кој се пресели во Јувентус.
Белгиецот совршено се вклопува во концептот на новиот тренер Хулен Лопетеги, кој побарал од раководството да се обиде да го доведе одличниот офанзивец на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид подготвува понуда вредна 150 милиони евра за ангажман на Азар. Во трката е и Барселона, која исто така го посакува напаѓачот на Челси, откако не успеа да го комплетира трансферот на Антоан Гризман.
Азар има актуелен договор со Челси до 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА