„Кралски“ пресврт на Реал за пласман во 1/4 финалето (ВИДЕО)

Кога Вилјареал водеше со 2-0 на полувреме против Реал Мадрид вечерва, сите мислеа дека тоа натпреварот од Купот ќе биде реприза на оној во шпанската Ла Лига на почетокот на оваа година, кога Вилјареал го совлада „кралскиот“ клуб. Меѓутоа Реал овојпат покажа карактер, и не само што успеа да се врати, туку да го добие натпреварот со три гола во вториот дел.

Капуе во 4. минута ги шокираше фудбалерите на Анчелоти. Чуквуезе во 42. минута го однесе Вилјареал на 2-0 на полувреме.

Исклучително тешка задача го чекаше Реал Мадрид, но полека успеваше да ја анулира предноста на домашните. Винициус Жуниор во 57. минута намали, а Милитао во 69. минута успеа да израмни.

Вероајтно продолженијата беа најреална опција, но така не мислеше нововлезениот Себалјос кој по една одлична акција успеа да постигне гол во 86. минута и да го однесе Реал Мадрид во 1/4 финалето на Купот на Шпанија.

Се вчитува...