Реал Мадрид најмалку во следните 14 дена ќе мора да се снаоѓа без помошта на Серхио Љуљ, по повредата што шпанскиот репрезентативец ја заработи на последниот дуел со Гран Канарија. Деталните прегледи потврдија дека станува збор за незгоден проблем со мускулот за кој е неопходно целосно мирување, а вообичаената пауза за ваков вид на повреди изнесува меѓу две и три седмици.
„Љуљ имаше многу проблеми ланската сезона, кога често заработуваше вакви ситни повреди. Летово играше и на СП во Кина, што носи дополнителен ризик во текот на сезоната. Во секој случај, се надевам дека повредата не е сериозна и тој наскоро ќе биде во тимот“ – изјави тренерот Ласо.
Одличниот бек ќе ги пропушти евролигашките дуели со Зенит и со Валенсија, а останува да се види дали ќе се рехабилитира навреме за настап на дуелот со Олимпијакос закажан за 12 декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА