Крамариќ и донесе важни три бода на Хрватска во Ереван

Хрватската фудбалска репрезентација го забележа и вториот триумф во септемвриските квалификациите за Европското првенство 2024 година откако славеше на гостувањето кај Ерменија со минимални 0-1.

Херојот на „коцкестите“ беше Андреј Крамариќ кој ја затресе мрежата во 14. минута, гол кој беше доволен за три бода со кои Хрватите се искачија на врвот на табелата во групата „Д“ со вкупно осум освоени бодови на четири одиграни средби.

Се вчитува...