Борусија Дортмунд загуби на гостувањето кај Хофенхајм со 2-1 во последниот натревар за двата тима во есенскиот дел од германската Бундес-лига.
„Милионерите“ рано стигнаа до предност од 0-1 со голот на Марио Геце во 17. минута, резултат со кој се замина и на пауза. Домаќините заиграа подобро во второто полувреме. Во 79. минута со голот на Адамјан успеаја да израмнат на 1-1, а херој за домаќините беше Крамариќ со гол во 87. минута.
Со овој пораз Дортмунд останува на четврттата позиција на првенствената табела со 30 бод, три помалку од водечкиот двоец Лајциг, Менхенгладбах, но и натпревар повеќе. Хофенхајм е шести со 28 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА