Крамариќ: Ќе биде баш зае.ано против Италија

Хрватска се наоѓа на работ на елиминација од ЕВРО 2024 откако „коцкестите“ попладнево примија гол во судиското продолжение и освоија само еден бод на мечот со Албанија.

Андреј Крамариќ го постигна својот прв погодок на ова ЕП, и тоа на својот 33. роденден, но и тоа беше недоволно за Хрватска да стигне до цел плен.

„Благодарност до сите кои ми го честитаа роденденот, но би бил многу посреќен кога за подарок ги освоевме трите бода. Ова е фудбал, примивме гол во последните секунди откако бевме многу, многу подобри во второто полувреме. Жал ми е што не продолживме да притискаме по вториот гол, таквиот пристап ни го донесе пресвртот. Ни сеслучи фудбал, затоа луѓето толку го сакаат овој спорт, толку многу емоции, не знаеш што те чека во следната акција“, вели Крамариќ.

За Хрватска математиката е лесна – во последното коло се игра против европскиот првак Италија, дуел што „коцкестите“ мораат да го добијат ако сакаат да се пласираат во следната рунда.

„Ќе мораме да се фрлиме на глава против Италијанците. За мене тие се можеби и најдобрата репрезентација во групата, знам дека ќе биде зае.ано против нив. Верувам дека можеме да ги победиме, како репрезентација многу често сме биле во вакви ситуации, сме верувале во себе и сме успевале. Дај Боже повторно да ни се отвори патот и да одиме понатаму“, порачува „деветката“ на хрватската репрезентација.

Се вчитува...