Андреј Крамариќ поради повреда на мускулот ги пропушти последните средби на Хрватска, а отсуството на одличниот голгетер беше и повеќе од забележително.
„Коцкестите“ сега се соочуваат со нов проблем, бидејќи Крамариќ речиси сигурно ќе ги пропушти и последните квалификациски дуели со Летонија и со Ерменија, закажани за наредниот месец. Како што обелодени самиот фудбалер во изјава за „Спортски новости“, повредата е сериозна биејќи станува збор за руптура на мускулот од неверојатни девет сантиметри.
„Да бидам искрен, повредата не изгледа најдобро. Како што ми рекоа, руптурата била од девет сантиметри, лекарите немаат видено такво нешто во светот на фудбалот, но ете… мене ми се случи. Не знам кога би можел да се вратам на терените, но не ми изгледа дека тоа ќе биде набрзо“, изјави напаѓачот на Хофенхајм и на хрватскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

