Крамариќ полуде: Ако кажам што мислам, ќе ја добијам најголемата казна во историјата…

Хофенхајм лесно и убедливо загуби на гостувањето против Баерн Минхен со 5-0, исходот и не претставува толку големо изненадување како што е тоа случај со изјавата на Андреј Крамариќ, кој отворено говореше против сопствениот клуб.

Хрватскиот голгетер не го криеше разочарувањето од катастрофалната сезона на Хофенхајм, тим што лани успеа да обезбеди излез во фудбалска Европа, а сега има само три победи во првите 19 одиграни натпревари. Сепак, никој не очекуваше Крамариќ да почне жестоко да говори за ситуссцијата во својот клуб.

„Не сакам да зборувам за натпреварот бидејќи уште пред да почне ми беше јасно што ќе се случи. Оваа средба е слика на целата наша сезона, а да бидам искрен, оваа сезона е едно големо „го.но“ за сите нас. И ова што го велам е премногу благо, верувајте, затоа што ако ја кажам вистината за она што го мислам за клубот, најверојатно ќе ја добијам најголемата казна во историјата на Бундес-лигата. Има причина зошто сум толку лут на клубот, за се она што го направија во последните месеци. Благодарност до навивачите за поддршката што ни ја даваат, имаме добри играчи, но не ни оди… Се уште сум благ во изјавата, ќе станам уште пожесток, ова ми е првпат во кариерата да се чувствувам вака, бидејќи чувствувам дека се случува големо с..ње во клубот. Како никој да не сака нешто да се промени, затоа јас сега го кажувам ова, бидејќи кога јас ќе почнам да зборувам, луѓето почнуваат да слушаат“, изјави Крамариќ.

Се вчитува...