Красниќи се врати назад во Шкендија

Шкендија доведе уште едно квалитетно засилување во пресрет на квалификациите за Лигата на Шампионите откако македонскиот првак денеска потпиша договор со Ендрит Красниќи.

Станува збор за играч за врска кој доаѓа од Косово, но кој е добро познат на тетовци ако се знае дека во сезоната 2023/24 го носеше дресот на овој клуб, притоа настапувајќи на 32 натпревари, постигнувајќи шест гола и 13 асистенции. Красниќи во меѓувреме се врати во Косово и мина една година во Сухарека, но не ја пропушти шансата за камбек во Тетово и настап во европските натпреварувања со Шкендија.

Тој веднаш по потписот на договорот отпатува за Словенија и ќе се приклучи на „црвено-црните“ на подготовките во Терме Чатеж, се со цел да се наметне кај стручниот штаб во пресрет на европските квалификации.

Се вчитува...