Кратко траеше бајката: Синот на Леброн ги напушти Лејкерси

Леброн Џејмс го исполни сонот и играше со синот Брони во дресот на Лос Анџелес, но бајката, а многумина ја нарекоа циркус, заврши. Синот на легендарниот Леброн ги напушти Лејкерси и до крајот на сезоната ќе игра во развојната лига.

На почетокот на новата сезона во НБА, Леброн и Брони Џејмс влегоа во историјата на НБА, бидејќи станаа првиот татко и син кои играле заедно во лигата.

Сепак, Брони не одигра премногу добро на воведните натпревари за Лејкерси. Вкупно собра 13 минути и постигна само четири поени. На тој начин ЛА Лејкерс го испратија Брони Џејмс во својот втор тим, Саут Беј Лејкерс, кој наскоро ќе го започне натпреварувањето во развојната Г-лига.

20-годишниот Брони беше избран за 55-ти пик на годинешниот драфт. На сите им е јасно дека Лејкерси никогаш немаше да го изберат доколку не беше неговиот татко.

Експертите во САД се согласија дека Брони веројатно воопшто немаше да биде избран на драфтот, а не да игра во НБА лигата, доколку неговиот татко не го „договореше“ неговиот ангажман.

Џејмс некако ја приватизираше целата франшиза, што на повеќето не им се допадна. Досега во историјата на никој не му текнало да направи нешто такво, но Леброн си го исполни сонот.

По осум одиграни натпревари, Лос Анџелес Лејкерс имаат четири победи и четири порази.

Се вчитува...