„Европската романтика“ заврши уште пред да почне… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички по седум години повторно се врати во Европа, но неговата авантура летово траеше само едно квалификациско коло во Конференциската лига.

Преголем залак за „романтичарите“ беше уште првиот противник во името на белорускиот Торпедо Белаз. Белорусите рутински со две победи и без никакви проблеми успеаја да изборат пласман понатаму во најмладото европско клупско натпреварување.

Работнички сега се префрлува кон подготовките за стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

 

Се вчитува...