Зимските подготовки на македонскиот прволигаш Силекс земаат замав. Под стручното око на кондицискиот тренер Владимир Вуксановиќ и целокупниот стручен штаб предводен од тренерот Жикица Тасевски, кратовци работат под полна пареа. Напоредно, се работи на подобрување на физичката подготвеност, вежби за сила и кондиција, но и со топка.
„Базата е секогаш најважна. Се работи напорно, фудбалерите се вредни, а сето ова ќе ни биде од полза кога ќе почне шампионатот“, истакнува шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.
[new_royalslider id=”483″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА