Крауч: Да постоеше ВАР кога јас играв ќе ми поништеа најмалку 50 гола поради долгите раце

Критиките кон ВАР-системот од натпревар на натпревар, од ден на ден, се повеќе се зголемуваат во Англија. Веќе извесен период најголемиот дел од критиките се однесуваат на офсајд-замките затоа што се почесто се случува голови да бидат поништени поради неверојатно смешни ситуации.

И поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч, кој најдобрите денови од кариерата ги мина во Ливерпул, смета дека системот за утврдување на офсајди е тотално погрешно поставен, откако во минатото коло бевме сведоци на поништени погодоци бидејќи рака на напаѓачот е зад одбранбената алинија.

„Да постоеше ВАР додека јас играв, сигурно поради долгите раце ќе ми беа поништени најмалку 50 голови поради офсајд“ – успеа Крауч и да ја насмее англиската јавност со својот коментар како стручен аналитичар на натпреварите од Премиерлигата.

Се вчитува...