Легендарниот Штефан Кречмар сега во улога на спортски аналитичар и тв-коментатор, ги изнесе своите предвидувања пред четвртфиналната разврска во Лигата на шампионите. За дуелот меѓу Вардар и Кил, Кречмар типува на „црвено-црните“ со забелешка дека на Кил ќе му треба „голманско чудо“ за да го елиминира актуелниот европски шампион.
„Кил во моментон не е нестабилен или немоќен. Тие славеа убедлива победа во Фризенхајм и генерално оставаат позитивен впечаток. Тоа е она што се очекуваше од Кил уште од почетокот, дури и кога ремито со ПСЖ беше фантастичен успех! Кил сега мора да победи за да се квалификува во Лигата на шампионите за следната сезона – тоа им е единствена опција. Само тогаш ЕХФ може на Кил да му даде вајлд-карта. Во Бундес-лигата, Kил дефинитивно нема шанси за првите две места – им останува само Лигата на шампионите. Сега доаѓа Вардар, бранителот на титулата и секако еден од фаворитите за титулата и оваа година. Во овој дуел Кил секако, не е фаворит, но шанса постои. Кил има силен состав и може да стигне до Ф4. Се е можно! Но, на „зебрите“ ќе им требаат извонредни голмански перформанси, тогаш ќе имаат можност да се спротивстават на оваа исклучително силна одбрана на Вардар. А потоа, во реваншиот ќе треба да го преживеат пеколот во Скопје. Тоа е борба на нерви и на издржливост. Треба да имате силен карактер за сето тоа. Не верувам во Кил без сомнеж! Имаат неколку играчи од светска класа во своите редови со многу инетранционалци кои веќе играле вакви дуели“ – истакнува во својата анализа Штефан Кречмар.
Првиот натпревар од четвртфиналната пресметка меѓу Вардар и Кил е на 22 април во „Шпаркасе Арена“, а реваншот е на 29 април во СЦ „Јане Сандански“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА