Kрег Белами е нов селектор на Велс

Велшанецот Крег Белами го презеде кормилото на својата родна земја, јавува Би-Би-Си.

За поранешниот крилен напаѓач ова ќе биде прва работа како главен тренер во сениорска конкуренција. Тој беше помошник на Винсент Компани, со кого ја делеше соблекувалната на Манчестер Сити, додека Белгиецот беше на чело на стручниот штаб на Андерлехт. Од 2019 година Белами беше на чело на младинскиот тим на бриселскиот клуб. Велшанецот се повлечее две години подоцна од лични причини.

Тој му се придружи на својот стар другар во Барнли, кој минатата сезона испадна од Премиерлигата. Како играч, Белами ги бранеше боите на бројни англиски тимови – Норич, Ковентри, Њукасл, Блекбурн, Ливерпул, Вест Хем и Манчестер Сити. Тој играше половина сезона во Селтик, а ги закачи копачките играјќи за неговиот тим од детството, Кардиф Сити.

Се вчитува...