Кремонезе го „шутна“ Алвини и го назначи Балардини

Нова тренерска смена во Серија „А“, откако Кремонезе го смени Масимилијано Алвини, и на негово место го назначи Давиде Балардини. Кремонезе се реши на ваков чекор откако загуби од Монца на домашен терен во 18 коло, со што тимот го доживеа четвртиот пораз по ред. Тимот нема ниту една победа од стартот на првенството и само седум бодови.

Алвини дојде во Кремонезе летоска, преземајќи го составот од Фабио Пекија, кој се одлучи да замине и покрај тоа што го однесе тимот во „елитата“.

Балардини, пак, има многу искуство во Серија „А“. Тоа е човекот кој беше тренер во Палермо, Џенова, Болоња, Калјари, Лацио, Пескара.

Се вчитува...