Кремонезе извлече бод од гостувањето во Бергамо

Новиот калчолигаш Кремонезе успеа да извлече бод од гостувањето кај фаворизираната Аталанта во 6. коло од Серија А. Откако мрежите мируваа во првото полувреме, двата гола беа постигнати во 74. и 79. минута.

Аталанта отпорот го сруши во 74. минута кога на нафрлувањето на Купмајнерс најдобро во шестнаесетникот се најде Демирал за 1-0, но славјето на домаќините не траеше долго бидејќи само пет минути подоцна Валери беше најбрз до топката по одбрана на домашниот голман за 1-1.

Се вчитува...