Екипата на Кремонезе ги задржа шансите за опстанок во италијанска Серија А, откако на гости ја совлада екипата на Парма со 0-2. Ова беше прв триумф на овој тим оваа година, и прва победа после цели 15 меча без триумф.
Двата гола беа во вториот дел. Малех во 54. минута од средбата донесе предност за гостите.
Вандепуте во 68. минута уште еднаш ги шокираше домашните фудбалери и симпатизери, и така Креомезе стигна до шестиот триумф сезонава.
Парма, пак, го заокружи четвриот меч без триумф во Серија „А“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

