Креспо се реши на исповед: Бев зависен од оргии, пробав се во животот – и што треба и што не треба

Поранешниот аргентински напаѓач Хернан Креспо, последните шест години се одлучи на семеен живот, има три деца со Алесија Роси… Но, сето тоа е некаде од 2010 година, а признава претходно дека едноставно бил незапирливо непромислен.

„Кога ќе се сетам што се не правев во младоста. Бев зависен од оргии, имаше на секоја се повеќе и повеќе жени. Дебитирав на 18 години и едноставно ме понесе славата, па потоа не знам што се правев. Буквално за ништо не ми беше грижа. Бев познат, имав пари, искористував одредени привилегии. Ми се чини дека ништо не пропуштав, пробав се во животот – и што треба и што не треба“ – вели Креспо, кој се смирил кога некаде на 30 години ја сретнал својата сегашна сопруга.

„Потоа се се промени. Сега сум далеку посреќен со мојот живот“.

44-годишниот Хернан Креспо во својата кариера настапуваше за Ривер Плата, за Парма па се пресели во Лацио кеширајќи 56 милиони евра. Аргентинецот тогаш стана најскапиот платен фудбалер на светот. Подоцна беше и во Интер, Челси и Милано запишувајќи грандиозна кариера.

 

Се вчитува...