Холандското крило Донјел Мален доби дозвола да ја напушти екипата на Борусија Дортмунд на зима за сума меѓу 25 и 30 милиони евра. Ова е сосема изненадувачки потег на раководството на „милионерите“ со оглед дека Мален е еден од најдобрите играчи на „жолто-црните“.
За него има интерес од Англија, од тимот на Евертон, Нотингем, Брентфорд и Кристал Палас, кои сакаа да го ангажираат во летниот преоден рок, но не успеаја. Сега Борусија дозволува продажба.
„Милионерите“ сакаат да се ослободат од едно крило, за да направат простор во иднина да играат со Гитенс и Адејеми. Гитенс е во огромна форма, додека Адејеми во моментов е повреден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА