Двократниот НБА шампион, Крис Бош ја прекина соработката со Мајами хит. Крилниот центар поради сериози повреди не настапува уште од февруари 2016 година, а по седум години заминува од клубот каде ги имаше најблескавите моменти во кариерата.
33-годишниот Бош најверојатно нема да продолжи со кошаркарската кариера. Изминатава сезона поради згрутчување на крвта отсуствуваше од терените, иако со сите сили се бори повторно да заигра, тешко дека ќе ги убеди докторите кои го советуваат да стави крај на професионалната кариера.
Добра вест за Мајами е што Бош во наредните две години требаше да заработи 52 милиони американски долари, а сега ќе располагаат со далеку поголем буџет за регрутирање на нови играчи.
Дресот со број 1 во франшизата на Мајами, ќе биде повлечен од употреба во чест на Крис Бош. Покрај тимот од Флорида, Бош играше и за Торонто репторс, односно беше одбран како четврти пик на драфтот во 2003 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА