Крис Колман е седмиот најбрз човек во историјата на 100 метри

Американскиот спринтер, Кристијан Колман, се намeтнува како најсериозен претендент за човекот кој ќе ја пополни празнината што во спринтерскиот свет ја остави повлекувањето на Јусеин Болт.

На завршниот митинг од Дијамантската лига во Брисел, тој во трката на 100 метри го забележа седмото најдобро време во историјата, најдобриот резултат во последниве три години и се разбира најдобро постигнување годинава. Колман најкусата спринтерска делница ја истрча за 9.79 секунди. Ова е резултат кој е прв најблизок до постигнувањето на Џастин Гетлин од 2015 од 9.74 секунди.

Колман беше во американскиот олимписки тим во 2016 и го освои среброто со штафетата на 4 х 100. На ланското Светско првнество во Лондон беше сребрен на 100 метри зад Џастин Гетлин, а пред Јусеин Болт.

Во февруари годинава, Колман постави светски рекод на 60 метри во сала (6.34).

 

Се вчитува...