Кошаркарите на Хјустон се на само чекор од пласман во финалето во Западната конференција од НБА плеј-офот, откако поведоа со 3-1 во полуфиналната серија против Јута.
Хјустон синоќа реализираше нов брејк победувајќи на гостински терен со 87-100, на тој начин доаѓајќи и тоа како блиску до финалето, во кое речиси сосема извесно ќе се сретне со Голден стејт кој исто така води со 3-1 во серијата против Њу Орлеанс.
Во редовите на Хјустон синоќа најефикасен беше Крис Пол со 27 поени, дополнети и со 12 скока и 6 асистенции, додека Џејмс Харден немаше баш посакувана реализаторска ноќ постигнувајќи, иако со слаб процент на шут од игра, на крајот 24 поени. Кај Јута се издвои Донован Мичел со 25 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА